Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас предмалку слета во Македонија, на аеродром со новото име „Меѓународен аеродром Скопје“.
Тој вечерва треба да има работна вечера со неговиот македонски колега, Никола Димитров, додека утре треба да започне официјалниот дел од посетата со средби со македонскиот премиер Зоран Заев, како и со вицепремиерот Бујар Османи, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.