Don't Miss
Home / Uncategorized / Крис Менџис број еден великан во светската кинематографија

Крис Менџис број еден великан во светската кинематографија

Во малата сала на Центарот за култура, денеска во склоп на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки” беше претставена успешната кариера на лауреатот на главната награда за животно дело „Златната Камера 300”, великанот, документарист, режисер и кинематографер, двократниот оскаровец – Крис Менџис. Тој на отворената средба со филмаџии, новинари, медиумски работници, студенти и други љубители на филмот, опсежно се осврна на неговата фасцинантна филмска кариера високо етаблирана во светската филмска индустрија.
Менџис е роден на 15 септември 1940 година во, Англија од уметничко семејство на музичари. Дедо му бил виолинист,  а кога МенЏис имал само 3 години, семејството се преселило во Лондон каде што татко му Херберт Менџис бил 25 години музички директор на прославениот театар Олд Вик. Како што самиот Крис вели, уште како тинејџер бил фасциниран од камерите и фотографијата, за со 17 години, по ангажирањето на татко му, и тој да работи за американскиот режисер-документарист, Алан Форбис, чиј асистент бил, придружувајќи го во снимањето на филмски документарци низ Италија, Франција и Британија, притоа работејќи и како тон снимател и асистент монтажер.

IMG_0398 (Large)

Инспириран од креативноста на Форбис, веќе стекнат со одредено снимателско искуство, на 23 годишна возраст, во 1963 Менџис му се придружува на познатиот тим на ТВ Гранада, „Светот во акција”, за кој како камерман снимал документарци за граѓанските војни во Кипар, Ангола, бил на двапати, 1963 и 1972 во Бурма за време на крвавата граѓанска војна, ја снимал револуцијата во Занзибар, а со тројца режисери снимал и во Виетнам.
Пред публиката на Манаки низ повеќе исежоци од неговите филмови, беше прикажано неговото богато филмско творештво.

Во хронологијата на неговите филмски успеси е филмот “Приватен детектив” на режисерот Стивен Фриерс, од раната продукција на 2000-”Валкани убави нешта”, за чија визуелна креација Менџис беше номиниран за наградата на БСЦ. И со режисерот Нил Џордан ќе продолжи успешната соработка, најнапред со филмот “Ангел”, за креативно да кулминира со мултилауреатскиот, со номинациите за наградите на БСЦ и АСЦ, номинациите за Оскар и БАФТА наградата-историската драма за ирскиот синдром-Мајкл Колинс со Лиам Нисон во насловната улога на легендарниот лидер на ИРА, во борбата за ирската независност. Крис Менџис во својата понова работа во период од само 3 години ќе оствари одличен резултат на двапати и со режисерот Стивен Далдри, најнапред 2008 година , во оскаровскиот филм “Читачот” , во кој екранизацијата на бест-селер романот на германскиот писател Бернхард Шлинк, режисерот Далдри и неговиот визуелно креативен Менџис, во повеќе секвенци, ќе го демонстрира своето сликарско мајсторство, меѓу кои онаа со падот на крстот на распетието низ длабочината на водопадот, е восхитувачки спектакуларно снимена.
Крис Менџис е еден од ретките директори на фотографија кои се двојни добитници на престижниот Оскар.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*