Home / Uncategorized / Кристијан Тимоние: Прашањето за името не може да се реши по цена на нови поделби

Кристијан Тимоние: Прашањето за името не може да се реши по цена на нови поделби

– Ние сесрдно ги поддржуваме храбрите напори што беа направени во текот на изминатата година за да се надмине безизлезната ситуација, која добива драматични размери кога ќе се констатира дека земјата и понатаму ја напуштаат граѓани кои се нејзина движечка сила. Работата врз тој приоритет не треба да се одолговлекува и секогаш мора да се има на ум кога ќе се појави можноста да се залута од премногу ситничарење. Сепак, потребна е трпеливост и доволно ниво на национално единство, бидејќи тоа прашање не може да се реши по цена на нови поделби. Тоа бара да се демонстрира вистинско чувство за национален интерес тогаш кога треба да се донесат тешки одлуки кои допираат до идентитетот, но и до срцето, исто толку колку и до разумот. Јас пак, познавајќи го регионот, ги почитувам сите историски факти на засегнатите страни и добронамерните преговарачи, кои од едната и од другата страна обезбедија овој процес да напредува.

Да ги охрабриме, да им помогнеме и да не ги обвинуваме. Во секој случај, тие заслужено работат во европски дух, изјави во ексклузивното интервју за печатеното издание на “Bitolski vesnik “ i “Нова Македонија” амбасадорот на Франција во Република Македонија, кое ќе биде објавено sreda на 16 јуни.

Одговарајки на прашањето како тој ја коментира изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон,дека приемот на земјите од Западен Балкан нема да се случи до 2025 година, бидејќи најпрво треба да се направат реформи во самата Европска унија, а потоа да се размислува за нови членки, Тимоние одговори:

-Граѓаните на оваа земја први ја препознаваат разликата помеѓу реформите за коишто се дискутира, оние за коишто се гласа и тие што се применуваат. Граѓаните очекуваат ние да бидеме мобилизирани за да помогнеме во нивна имплементација и ние ќе се потрудиме да ја оправдаме таа улога. Тоа е морална должност и претставува интерес на Европејците. Искуствата од претходните проширувања, токму од овој регион, не научија дека реформите во областа на правосудството не треба да се прават набрзина и дека квалитативните критериуми се од суштинско значење за соодветно да се процени напредокот. Гласањето на законите и бирократскиот пристап кон напредокот во областите на реформите, не се задоволителни за ничија страна. Таквите реформи се спроведуваат без доволно истрајност и тие го потхрануваат евроскептицизмот, како овде, така и во ЕУ, а не обратно. Затоа, местото на оваа земја е обележано во Унијата и се направени суштински чекори. Да не се расправаме и да продолжиме напред, изјави Тимоние, кој притоа испрати порака до ѓраганите на Република Македонија  да бидат   трпеливи, сплотени и да веруваат во себе.

– Дури и ако се чини дека е хаотичен, патот по којшто се движите е тој вистинскиот, а Франција е со вас, како и секогаш од 1991 година до денес, изјави з апечатеното издание на Нова Макеоднија, Кристијан Тимоние во интервјуто.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*