Битолската полиција денеска поднесе кривична пријава против 63-годишниот Д.П. од Битола поради несовесно лекување болни и тешки дела против здравјето на луѓето.
Како што информираа од СВР Битола, пријавениот во текот на 2017 година на Клиничката болница во Битола како доктор, постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.