ПС-ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против лицето З.К.(28) од Кривогаштани поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Предизвикување општа опасност” . Пријавениот ноќта 13/14.08.2017 , во Прилеп, на локација наменета за продавање на возила, потурил со течност од пластично шише патничко моторно возило марка „Форд Скорпион” и со запалка ја запалил течноста, со што предизвикал пожар на возилото .
Во месец август 2017 година ПС Прилеп поднесе уште две кривични пријави за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”, против две лица, кои предизвикале пожар.