Во врска со изнесените наводи на ВМРО ДПМНЕ околу тендерот за набавка на оброци за вработените во РЕК “ Битола “ и РЕК “ Осломеј “ со реакција се јавија од АД ЕСМ.
– АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола најостро ги демантираат лагите за наводен тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, искажани на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
Јавната набавка за оброци за вработените во Подружница РЕК Битола беше распишана на 27 декември 2019 година, а предвидениот износ за оваа намена изнесува 29 милиони денари или 471.544 евра, односно средствата се четири пати пониски од износот со кој ВМРО – ДПМНЕ ја лаже јавноста. На јавната набавка се пријавија пет економски оператори. Нивните понуди во моментов се во фаза на евалуација, односно Комисијата за јавни набавки во РЕК Битола сеуште не донела одлука дали некој од пријавените оператори воопшто ги исполнува условите за да продолжи во следната фаза од јавната набавка.
Сепак, доколку во ВМРО – ДПМНЕ го знаат името на фирмата која, како што велат, треба да биде избрана на јавната набавка, ги повикуваме да го објават.
Во меѓувреме, во најава не е ниту нов скандал, ниту нов криминал. Во најава единствено е кривична пријава за изнесените лаги од страна на ВМРО ДПМНЕ се вели во реакцијата на АД ЕСМ.