Носителот на листата на кандидати за пратеници од партијата Левица, Здравко Савевски денеска на средба со битолчани порача да се почитуваат работничките права и да се обезбеди достоинствена работа за квалитетен живот.
Според него, проблемот со невработеноста останува главен државен проблем.
-Проблемот со невработеноста може да се решава на повеќе начини. Во приватниот сектор има голема преангажираност на работниците, односно се случува еден работник да работи за двајца и ако се почитува основното правило еден работник на едно работно место, тогаш во приватниот сектор ќе може да се отворат нови работни места“, изјави Савевски.
Тој најави дека Левица по изборите ќе ја избрише вештачката граница меѓу активните и пасивните баратели на работа, ќе го спречи бришењето на невработени лица од евиденција за да се знае колкав е бројот на невработени лица и за нив да се овозможи остварување на правата од статусот невработено лице.
Б.В.