Лизгањето на отвореното зимско игралиште во Битола е моментално стопирано.
Поради топлото време мразот се стопи и лизгањето е неизводливо.
Но тоа што паѓа в очи е што додека лизгањето беше дозволено тоа било на ризик на самите скијачи.
Во напомената која е залепена на оградата стои дека безбедноста на лизгалиштео не е спроведена од квалификуван персонал. Со таа цел Ве информираме дека сте лично одговорни за вашата и безбедноста на вашите деца стои во Напомената.
Со оглед на тоа што најголемиот број лизгачи кои се лизгаа на лизгалиштето се почетници само среќата ги спаси да не дојде до некои несекани последици, бидејки според Напомената на лизгалиштето немало квалификуван персонал кој би се грижел за нивната безбедност.