Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно по влажни коловози.
Појава на магла со видливост од 50 метри до 200 метри има на Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Велес-Скопје, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Истакнуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.