Don't Miss
Home / Вести / Маргинализирана Семакедонската средба на Трново

Маргинализирана Семакедонската средба на Трново

Традиционалната Семакедонска средба во Трново, која традиционално се одржува на 2 август во дворот на црквата Св. Пресвета Богородица се добива впечаток дека е маргинализрана.

На само еден ден пред одржувањето на Средбата во јавноста нема никаква информација за одржувањето на средбата, ни од официјалните општински и државни институции, ни од Здруженијата кои ја организраат Средбата.

Информација нема ни од Матицата на иселеницте ни од Светскиот Македонски конгрес, на Тодор Петров

Се добива впечаток дека оваа средба, која е јубилејна и треба да се одржи по 50 пат некако е маргинализирана.а само пред неколку години буквално се “тепаа “ политичарите кои сакаа да им се обратат на големиот број присутни и особено на иселениците кои се собираа од сите европски и прекуокеански земји, како и од соседните држави Грција, Албанија, Бугарија.

Инаку Семакедонската средба во Трново и минатата година беше опструирана, но таквите опструкции се објаснуваа со пандемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*