- Вчера во “Кремељ палатата” во Москва, која е една од најдобрите инајпрестижните театарски и концертни сали во Русија, пред околу 6.000 присутни, на спектакуларен начин свечено беше отворен 16 европски конгрес за психологија. На Конгресот, кој од 1 до 5 јули, се одржува на Московскиот државен универзитет Ломоносов, учествуваат преку 2.500 психолози, универзитетски професори, научни работници, од 83 земји од Европа исветот: Русија, САД, Германија, Турција, Кина, Италија, Шпанија,Индонезија, Хонг Конг, Австралија, Бразил…
- На овој најголем научен собир за психолози, не само во Европа, туку иво светот, Македонија со свој научен труд ја претставува единствениот претставник, психологот од Битола, магистер по психологија МаријаМладеновска – Димитровска.
- Научниот труд, кој е областа на социјалната психологија, претставуваопсежно истражување на Марија Младеновска- Димитровска за“Поврзаноста помеѓу авторитарноста, национализмот, етничката дистанца и прифаќањето на антидемократските вредности кај младите”.
- Марија Младеновска- Димитровска е магистер по психологија и работикако стручен соработник во средното училиште “Таки Даскало” во Битола. Претходно Марија Младеновска – Димитровска, која има објавено голем број научни трудови, имаше свој научен труд и во Харвард Унивезритетот во Бостон, САД.
- -Со учеството на Европскиот конгрес во Ломоносов, Москва, конечно ми се исполни мојот сон да учствувам на еден ваков исклучителен, не само Европски, туку јас би рекла и светски конгрес на психолози. По Харвард во Бостон, САД, учеството на Конгресот во Ломоносов во Москва е признание за мене бидејќи на овој светски признат и познат Универзитет, каде за жал или за среќа јас бев единствен преставник од Македонија, се поставени темелите на психологијата.
- Самото присуство на над 2.500 психолози од 83 држави во светот доволно зборува за угледот кој го има Унивезритетот Ломоносов во светот, ни изјави Марија Младеновска- Димитровска во Москва.
- Специјално од Москва Менде Младеновски
Home / Uncategorized / Марија Младеновска- Димитровска единствена Македонка на Европскиот конгрес на психолози во Ломоносов,Москва