Don't Miss
Home / Uncategorized / Масовен одѕив на планинарската тура низ Мариово

Масовен одѕив на планинарската тура низ Мариово

Општина Новаци во рамките на проектот „ Жива историја, жива природа 2” деновиве  ја организираше  планинарска тура низ Мариово.

На овој планинарски марш кој наиде на голема масовност учество зедоа 160 планинари.

-Го организираме овој планинарски марш во склоп на прекуграничниот проект „ Жива историја-жива природа 2 “. Имаме предвидено две релации . Првата ја има следната маршрута  Општина Новаци – с.Градешница – извори на Градешка река – Церева полјана- месност Лаките – ман. св Димитрија – с.Будимирци, додека втората  релација  Општина Новаци – с.Градешница – с.Будимирци – манастир  Св. Димитрија – с.Будимирци. До крајот на месец јуни ќе организираме и велосипедска и џип тура- изјави  Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.

За сите присутни планинари општината имаше обезбедено организиран превоз од Битола и Прилеп до мариовското село Градешница, како и оброк  за  секој учесник.

Планинарите се движеа по две патеки : атрактивна патека со должина од 23 км. која  изобилува со културно историски споменици и кратка патека со должина од 8 км., која изобилува со живописни пејсажи.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*