Don't Miss
Home / Градска хроника / Масовна прослава на празникот “Мала Богородица“ во Новаци

Масовна прослава на празникот “Мала Богородица“ во Новаци

Викендов, во преубавиот пелагониски манастир “Рожденство на Пресвета Богородица” во Новаци се прослави по 24 ти пат големиот верски христијански празник “мала Богородица“. Црковниот одбор се погрижи како и секоја година така и оваа да има богата културно- ументичка програма за многубројните гости кои дојдоја во дворот на манастирот.

crkva

– По традиција како и во изминатите години, имавме голем број верници со кои се прослави празникот. Предвидените содржини започнаа на 20 септември околу 16 часот а на литургијата во 17 часот присуствуваше владиката Петар- изјави Вељо Тантаров ,претседател на ЦО на Манастир Рожденаство на Пресвета Богородица во Новаци.

mala bogorodica

-Овој ден беше голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци.Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници. Со мои лични заложби, но и како прв човек на Општина Новаци, постојано го помагаме и одржуваме манастирот а минатата година дониравме средства за започнување со изградба на салата за свадби,крштевки и венчавки- изјави Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

druzenje
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*