Don't Miss
Home / Uncategorized / Математичко прашање со политичка позадина од Наташа за Наташа

Математичко прашање со политичка позадина од Наташа за Наташа

Денеска на прес конференција кандидатката за советничка на ВМРО ДПМНЕ Наташа Марковска му постави на кандидатката за градоначалник на СДСМ и Коалицијата математичко прашање со политичка позадина.

-Кандидатката на Заев за Битола секојдневно продолжува да бега од одговор на поставените прашања.

Денес сакаме да ја прашаме нешто што е поблиску до нејзиниот предмет – математиката :

Дали професорката има некаква општа финансика претстава, не мора детална пресметка, за тоа колку, барем приближно, би чинеле проектите кои ги предлага?

Дали воопшто ги знае надлежностите на локалната самоуправа ?

Дали и’ е познат начинот на остварување приход и финансирање на општините ?

Дали при формулацијата на проектите – вака општи, описни и паушални како што ни ги соопштува, прочитала барем еден закон поврзан со делокругот на некој проект?

Ете, денешните прашања не се за мигрантите кои со Заев планирате да ни ги доселувате, ниту пак за историјата која сакате да ни ја преправате. Темата е локална, соодветна за изборите и во неа има и математика. Професорке, повелете одговорете, праша Наташа Марковска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*