Денеска Широк Сокак, беше во знакот на пролеттта.
По повод празникот на мимозите на Херцег Нови, град кој е збратимен со Битола, познатите мажоретки од овој град во Црна Гора, приредија дефиле на Широк Сокак, кое ги воодушеви битолчани, кои на оваа мошне фреквентна улица го пиеја претпладневното кафе.
Мажоретките од Херцег Нови придружувани од нивниот градски оркестар, кои дефилираат по Широк Сокак, на битолчани им подарија свежи мимози, со што го најавија доаѓањето на пролеттта.
Инаку Битола и Херцег Нови се збратимени градови уште од од шеесеттите години на минатиот век и имаат добра соработка, а во градот под Пелистер веќе неколку години мошне успешно работи почесниот конзулат на Црна Гора.