Под покровителсто на големиот вљубеник во Битола и познат спротски работник, а во договор со Општината Битола и Битолски весник, во пресрет на празникот 11 Октомври, петок, на 5 октомври во Битола ќе се одржи првиот меморијален турнир за ветерани од 45 до 65 години, во фудбал и ракомет “ Мате Шундовски”.
На турнирот кој ќе се одржи на 5 октомври на стадионот под Тумбе Кафе и Спортската сала “ Боро Чурлевски “ ќе настапат екипите на Пелистер и Победа(фудбал) и екипата на РК Пелистер и селекцијата на Пепи Манасков.
Натпреварите ќе се играат на 5 октомври, а по завршувањето на натпреварите петок, на 5 октомври во хотелот Епинал ќе се одржи свечено врачување на признанијата и голема забава за учесниците на турнирот.
Според зборовите на покровителот на турнирот, Трифун Костовски, овој турнир ќе биде традиционален и секоја година ќе се одржува во пресрет на празникот 11 Октомври.
Техничката организација на турнирот Трифун Костовски му ја довери на Битолски весник, кој во голема мера ги приврши подготовките околу одржувањето на турнирот.