Don't Miss
Home / Вести / Мицкоски: Ќе направиме се за да не поскапи струјата

Мицкоски: Ќе направиме се за да не поскапи струјата

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека прават напори струјата да не се покачува.

Ќе се бориме до крај по 1 јануари да нема ни 3 отсто покачување на струјата на регулаторниот пазар. Максимумот што може да се случи е поскапување од 3 отсто во третиот и четвртиот блок, додека во првиот и вториот блок каде што има најголем број потрошувачи, воопшто нема зголемување-рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ни е полесно да ја зголемиме цената и граѓаните ќе добијат сметки кои ќе бидат за 20-30 проценти повисоки од тоа што го имале досега.

Ова е полесно и сега сме виновни што не ги покачивме сметките. Ова не можам да го сфатам како наредба од опозицијата, а ние не ги покренуваме, бидејќи се залагаме за стабилизирање на состојбите во енергетскиот сектор. Ако се однесуваме неодговорно и не се бориме и ги зголемиме сметките за 20-30 проценти, сè ќе поскапи. Замислете што ќе се случи, каков шок ќе биде ова во однос на инфлацијата– изјави Мицкоски.

Постојано се караме, бидејќи како што рече „тоа што го наследивме во АД ЕСМ е апокалиптична ситуација“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*