Don't Miss
Home / Вести / “Мицубиши” заинтересиран да учествува во изградба на гасна електрана во РЕК Битола.

“Мицубиши” заинтересиран да учествува во изградба на гасна електрана во РЕК Битола.

            Денеска делегација на јапонскиот производител Мицубиши ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола.

На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

 Согласно податоците што ги сподели делегацијата на Мицубиши, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија.

Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на Мицубиши гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година.

Делегацијата на Мицубиши оствари средба и со преставници на Владата на Република Северна Македонија од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*