Don't Miss
Home / Вести / Милановиќ: Немојте да бидете жртва на изнудување за членство во ЕУ

Милановиќ: Немојте да бидете жртва на изнудување за членство во ЕУ

Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Тука не мислам да полемизирам, ниту мислам на вашата соседна држава Бугарија, тие имаат свои идеи како тоа треба да изгледа. Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Се додека некој е против Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено е прашањето дали тоа за вас и за вашите граѓани се уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница. Но, тука јас немам совет, тоа е ваша одлука, рече Милановиќ.

Милановиќ истакна дека на Македонија треба да и се помогне, но, не да се третира како посебен случај.

Земјава никогаш не треба да се третира како посебен случај со посебни потреби, како земја со грешка, туку како земја која во моментов има одредени проблеми, затоа што некои други не се согласуваат со одредени работи до кои вие држите. Во ред, тоа на сила не може да се промени. Европското право и пацта сунт серванда, на кое се повикува професорката, е добро да се повторува, но ЕУ главно не функционира на тој начин. Хрватска е сведок на тоа, чисто да не живееме во илузија, но во ЕУ има и многу добри работи, но не се сите добри особено последните години и месеци, нагласи Милановиќ.

На новинарско прашање какви се неговите очекувања од договорот за воена соработка што Хрватска го склучи со Албанија и со Косово и дали може Македонија е повикана во овој договор за воена соработка, рече дека тоа е декларација потпишана од тројца министри за одбрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*