Home / Вести / Младиот Иле успешно закрепнува по трансплатацијата на срцето

Младиот Иле успешно закрепнува по трансплатацијата на срцето

Министерот за здравство Венко Филипче, на социјалните мрежи објави фотографија од Иле Стрезовски, на кој му беше извршена трансплантација на срце.

Според министерот, Иле полека заздравува.

– Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство – напиша Филипче на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*