Don't Miss
Home / Uncategorized / „Момо“ и „Синиот кит“ – опасни игри со детската наивност

„Момо“ и „Синиот кит“ – опасни игри со детската наивност

Информацијата пласирана на некои од порталите, дека основци од училиштето „Коле Канински“ во Битола, наводно, инспирирани од интернет-игрите „Момо“ и „Синиот кит“ се самоповредувале, правејќи засеци на рацете, ја вознемирија битолската јавност.

Во ситуација кога надлежните институции се уште не знаат за какви игри станува збор и молчат за овој немил случај, во градот под Пелистер со голема брзина се раширија разни верзии за случајот.

Со цел да се информираме за случајот се обративме во ОУ „Коле Канински” каде водевме што отворен разговор со директорот на училиштето, Зоран Мирчевски, како и со педагогот. Додека го водевме разговорот, телефонот на директорот Мирчевски буквално експлодира од повици.

-Јас и сега не знам за какви игри станува збор. Какви се тие „Момо” или „Синиот кит”. Штотуку се враќам од битолската полиција, каде што имавме подолг разговор за овој случај – ни изјави Мирчевски.

А се почнало уште во ноември минатата година, како некаква детска игра. Наводно, едно девојче од осмо одделение, кое дотогаш било за пример во училиштето како одлична ученичка, преку ноќ го сменила не само својот начин на однесување и карактер, туку и својот стил на облекување и ликот.

Таа нагло попуштила со дисциплината, оценките и се почесто отсуствувала од училиште. Таквото нејзино непримерно однесување им станало сомнително, не
само на нејзините соученички, туку и на педагогот и психологот.

Откако одбила да каже што се случува со неа, тие за тоа ги известиле нејзините родители, кои исто така констатирале дека со девојчето нешто се случува и дека во последно време се почесто доцна се враќала дома, како и оти најчесто времето го поминувала во некој интернет-клуб во градот, каде што комуницирала со некои фанови.

Според приказната која ни ја раскажаа во ОУ „Коле Канински“, осмоодделенката, покрај тоа што го сменила карактерот и од мошне мирно девојче станала насилна и дрска, наводно, почнала и да им се заканува на некои помали ученици од шесто  одделение, кои од селото Буково настава посетувале во ОУ „Коле Канински“, а и да се расправа со нив околу некои симпатии.

Притоа, наводно, таа им кажала дека, за да се уверат дали симпатијата нив ги сака, требало да направат најмалку по 12 засеци по нивните раце и им ја покажала својата рака. Некои тоа го прифатиле и почнале како неа да прават засеци.

– Таквите информации почнаа да стигнуваат до нас, но сепак мислевме дека станува збор за детски игри – вели директорот Мирчевски, кој за ваквата појава уште тогаш ја известил полицијата.

Но, откако на Инстаграм излегла сликата на осмоодделенката каде што јасно се гледа дека имаа 12 засеци на рацете, како и таа на која била сликана со некои маски, што излегла во јавноста од некое друго основно училиште, во ОУ „Коле Канински” најпрво се запрепастиле, а потоа одлучиле за сето тоа да ја известат полицијата, а и да направат контрола на рацете кај сите ученици.

Притоа било констатирано дека такви засеци имало кај вкупно шест ученици,
од кои пет женски и едно машко. Едната е од осмо одделение, а другите пет од
шести клас.

Нивните изјави биле дека осмодделенката им се заканувала да не кажуваат за тоа што се случува, а според нејзините зборови, таа наводно добила пораки од некој скриен профил, најверојатно од Србија. Тој им советувал дека треба да имаат најмалку 12 засеци на рацете за да ја докажат љубовта спрема саканиот, што некои од помалите ученици почнале да го прават. Тоа подоцна го признале и некои од родителите кои се обидувале самите да го решат случајот и молчеле за да не се дознае.

Сега кога излезе во јавносат овој несекојдневен немил настан со учениците од ОУ „Коле Канински“ во ова училиште ги направија сите можни чекори да се заштитат учениците.

Но, според директорот на училиштето, овој случај има и друга страна. Наводно, ученичката од осмо одделение, која прва се самоповредила, сакала да се премести во некое друго училиште.

Притоа во училиштето каде што требало таа да го продолжи образованието разбрале за нејзиното однесување и одбиле да ја примат, ја објавиле нејзината слика на Инстаграм, каде што јасно се гледаат засеците на рацете.

Но во меѓувреме, иако таа не била отпишана од училиштето „Коле Канински“, родителите не сакале да ја примат назад во класот. По таквите постапки некои родители го пласирале случајот во медиумите.

Инаку, раните кои си ги правеле у~ениците биле видливи, но кај најголемиот
број од нив биле веќе зараснати и не биле опасни по живот. Но, фактот што тие се
засекувале со остри ножиња на 12 места на раката е мошне опасен.

Од Клиничката болница во Битола ни изјавија дека ниту еден ученик не
побарал лекарска интервенција кај нив и дека тие буквално ништо не знаат за
случајот.

Како и да е, случајот со интернет-игрите „Момо” или „Синиот кит” треба да
го алармира ѕвоното за поголема контрола врз учениците и децата, околу тоа какви игри играат и што се има во нивните „паметни” телефони. Зашто може да се случи
вакви, или слични игри да имаат и несакан крај. А после ќе биде доцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*