Home / Вести / Музичарите и угостителите излегуваат на протести

Музичарите и угостителите излегуваат на протести

Вечерашната владина одлука за зголемување на рестриктивните мерки за угостителите наиде на остри реакции.

Денеска на средба со владини претставници беа музичарите и угостителите, но иако средбата поминала во најдобар ред, сепак тие најавуваат дека во среда излегуваат на протест со цел да дадат поддршка за сите засегнати сектори од оваа пандемија.

Тие на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти со образложение дека целата естрада не може да „трпи“ поради одредени менаџери или сопственици на кафулиња коишто ги прекршиле протоколите со повикување на гости од регионот.

На средбата се разговарало и за поголема финансиска помош за музичарите со оглед на тоа што тие оваа година целосно ќе ја завршат со загуба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*