Home / Вести / Најсериозен потег на власта против аерозагадувањето

Најсериозен потег на власта против аерозагадувањето

        По објавувањето на прелиминарните листи за субвенционирање на инвертер клими прес одржа советничката Тања Крнчева.

        Таа на пресот меѓу другото изјави.

-Заврши првата фаза на евалуација од целокупната постапка за доделување на високоефикасни инвертер клима уреди. Средствата обезбедени за реализација на овој јавен повик се воедно и една од најголемите инвестиции досега во насока на подобрување на квалитетот на живот. Без лажна загриженост, без приказни за Божји сили, ова е навистина сериозен исчекор во борбата против аерозагадувањето. Да не го забораваме фактот дека ова е првпат државата во рамките на планот за чист воздух да даде 2,5 милиони евра за кои се заслужни и АД ЕСМ кои ги обезбедија средствата, Владата на РСМ која овозможи механизам за трансфер на тие средства, па се до одлучноста на Општина Битола да  ја спроведе целата постапка, рече Крнчева и додаде:

       -Како и во секој процес, особено крупен и комплексен како овој, се јавува доза на скепса и сомнеж кај дел од граѓаните. Би сакала да потсетам дека одлуките се носат исклучиво врз основа на претходно утврдени правила и услови застапени во правилникот за работа и Јавниот повик, кои патем беа едногласно прифатени на седница на Совет на Општина Битола. Како член на комисијата која одлучува, сакам да потенцирам уште еднаш дека се работи за ПРЕЛИМИНАРНА листа, а имињата кои се најдоа на истата се ПОТЕНЦИЈАЛНИ добитници и да потсетам дека следуваат уште две етапи од целокупната постапка кои вклучуваат и контрола! Времињата кога само определени критериуми беа одлучувачки во користењето на одредени државни поволности се зад нас! Нашата нова реалност не значи само адаптација на условите кои ни ги наложи оваа 2020-та година, туку и соочување со фактот дека сите сме еднакви пред органите и дека сите ние како граѓани конечно мораме да научиме што во пракса значи материјална, кривична и морална одговорност, како и последиците од прекршување на истите!

           Во секој случај, факт е дека помошта за набавка на инвертер клими е проект од огромно значење за општо добро и јас се надевам дека и во иднина, со ваков сериозен пристап ќе работиме во насока на подобрување на животната средина. Дотогаш, ве замолувам сите вас за трпение, изјви советничката Тања Крнчева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*