В недела, на падините кај селото Братиндол, во организација на мотоклубот ЛТД од Битола, ќе се одржи мототрка “Братиндол 2014”, која ќе биде меморијална, во чест на основачот на овој клуб Тони Гулевски – Бабуш, кој прерано го загуби животот.
Трката ќе биде организирна од страна на ЛТД, а со помош на Мотофедерацијата, Општината Битола и неколку други помагатели.
-Имаме обврска да ја организираме оваа мототрка кај Братиндол и таа да биде во чест на нашиот помагател и драг пријател на сите моторџии Тони Гулевски – Бабуш. Патеката веќе е подготвена и изминатиот викенд се одржаа и тренинзи на кои слободно можеа да тренираат сите возачи од Македонија кои ги поканивме. Најголемите работи околу организацијата на трката се завршени, а останува уште еднаш да се освежи патеката со булдожер, по што ќе биде во одлична состојба, вели Борче Костов – Жолтио, кој ја презеде на себе целата организација на оваа трка.
С.Р.