Don't Miss
Home / Спорт / На падините кај Братиндол “Меморијална трка “Тони Гулевски– Бабуш”

На падините кај Братиндол “Меморијална трка “Тони Гулевски– Бабуш”

В  недела,  на падините кај селото Братиндол, во организација на мотоклубот ЛТД од Битола, ќе се одржи мототрка “Братиндол 2014”, која ќе биде меморијална, во чест на основачот на овој клуб Тони Гулевски – Бабуш, кој прерано го загуби животот.

Трката ќе биде организирна од страна на ЛТД, а со помош на Мотофедерацијата, Општината Битола и неколку други помагатели.

-Имаме обврска да ја организираме оваа мототрка кај Братиндол и таа да биде во чест на нашиот помагател и драг пријател на сите моторџии Тони Гулевски – Бабуш. Патеката веќе е подготвена и изминатиот викенд се одржаа и тренинзи на кои слободно можеа да тренираат сите возачи од Македонија кои ги поканивме. Најголемите работи околу организацијата на трката се завршени, а останува уште еднаш да се освежи патеката со булдожер, по што ќе биде во одлична состојба, вели Борче Костов – Жолтио, кој ја презеде на себе целата организација на оваа трка.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*