На патот Битола – Могила, во непосредна близина на Туланата постојано се зголемува бројот на депониите.
И покрај тоа што на тој дел од патот постои депонија за одлагање на цврст отпад, сепак несовесните граѓани го (рас)фрлаат ѓубретото и сметот каде што ќе стигнат.
Така деновиве на овој дел од патот, кај Туланата забележавме брјни нови депонии, кои не само што го нагрдуваат лицето на тој пат, туку во голема мера го загрозуваат и безбедното одвивање на сообраќајот.
На оваа делница има неколку диви депонии кои сведочат за нашиот однос кон животната околина.
И покрај настојувањето на комуналните претпријатија да ги исчистат депониите сепак постојано се создаваат нови.