Во врска со денешните наводи на лица од партијата ВМРО ДПМНЕ за набавката на помошна механизација за потребите на РЕК “ Битола “со реакција се јавија од АД ЕСМ.
Во реакцијата на ЕСМ се вели:
-Ја информираме јавноста дека предметната јавна набавка е една од најзначајните и најприоритетните за АД ЕСМ и истата ќе се спроведе во најбрз можен рок, веднаш штом се отстранат забелешките од Комисијата за жалби по јавни набавки.
Зачудува тоа што вработен во АД ЕСМ, поточно во фирмата-ќерка “Елемтурс“, работи против сопствената фирма и против колективот од каде добива личен доход.
Дали причината за ваквото однесување се должничко-доверителски односи меѓу вработениот Ивица Томовски и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски? се прашуваат во реакцијата од АД ЕСМ.