Home / Вести / Набавката на сопствена механизација приоритетна за АД ЕСМ

Набавката на сопствена механизација приоритетна за АД ЕСМ

         

Во врска со денешните наводи на лица од партијата ВМРО ДПМНЕ за набавката на помошна механизација за потребите на РЕК “ Битола “со реакција се јавија од АД ЕСМ.

Во реакцијата на ЕСМ се вели:

-Ја информираме јавноста дека предметната јавна набавка е една од најзначајните и најприоритетните за АД ЕСМ и истата ќе се спроведе во најбрз можен рок, веднаш штом се отстранат забелешките од Комисијата за жалби по јавни набавки.

Зачудува тоа што вработен во АД ЕСМ, поточно во фирмата-ќерка “Елемтурс“, работи против сопствената фирма и против колективот од каде добива личен доход.

Дали причината за ваквото однесување се должничко-доверителски односи меѓу вработениот Ивица Томовски и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски? се прашуваат во реакцијата од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*