Don't Miss
Home / Спорт / Над 100 натпреварувачи на традиционалниот изборен турнир за јуниори на академијата “ЗА НЕД ДО”

Над 100 натпреварувачи на традиционалниот изборен турнир за јуниори на академијата “ЗА НЕД ДО”

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на 29 март 2015 година во училишната спортска сала на ОУ “Ѓорги Сугарев” од Битола го одржа традиционалниот годишен турнир за јуниори.

Турнирот на кој зедоа учество над 100 натпреварувачи е од изборен карактер. Најдобрите влегуваат по потесната селекција за понатамошна поактивна работа на нивните техники и демонстрации подготвувајќи се за меѓународните натпревари и светски првенства од кои Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола две години со ред се враќа со неверојатни резултати оставајќи белег во светот со своите светски прваци.
Концептуално натпреварувачите согласно меѓународните стандарди беа поделени во групи и тоа машки и женски, но и подгрупи по тежина и години.

Можеа да се натпреваруваат во повеќе дисциплини од понудените: демонстрација на техники во самоодбрана, демонстрации со традиционално оружје, демонстрации во кршење и борби.

Сите четири дисциплини се во согласно со македонската боречка вештина ТФС – ЕСД која е 25-та официјална национална боречка вештина на една држава под која Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола настапува насекаде во светот а зема учество на Светските првенства на најмалку 4 светски асоцијации, организации и федерации чиј преставник за Македонија е мајсторот Златко Неделковски.
-И оваа година на традиционалниот годишен турнир за јуниори имавме потврда на квалитетот на старите натпреварувачи но и промоција на нови имиња на кои полагаме надеж дека ќе ни донесат медал повеќе од меѓународните натпревари но и Светските првенства кои не очекуваат оваа 2015 година, лично сум задоволна што успех кој го постигнуваме еве веќе две години по ред е и мотивација плус јуниорите од нашата академија буквално да се борат за влез во оние најдобрите – истакна Дијана Неделковска – мајстор 6 дан, инаку главен тренер, претставнк за две светски организации и асоцијации од боречките вештини за Македонија и двократен Светски првак во екстремна самоодбрана.
-Ова не е конечен изборен натпревар. Има уште многу да се работи, но генерално ни дава целокупна слика за нивото на квалитет на натпреварувачи со кои располагаме. Не очекува слободно можам да кажам тешка година. Тешка бидејќи темпото кое го наметнавме и успехот кој го презентиране две години по ред самиот по себе мора да се одржува и оправдува.  Во 2013 година од Светските првенства во Атина академијата со 4 натпреварувачи од Атина се врати со 7 медали, лани на Светското првенство во Умаг зедовме учество со 10 член тим кој се врати со 23 медали од Светското првенство. Во меѓувреме станавме членка на уште една Светска федерација за боречки вештини а останаа формалностите по однос на поканите на уште две светски организации кои не бараат во своите редови. Всушност,  квалитетот ете денес повторно ни стана и нам но и на родителите сосема јасно дека го имаме. Секогаш сме го имале. Финансискиот сегмент и немањето доволно средства за учество на што поголем број квалитетни натпреварувачи на турнири и првенства бил единствениот проблем до сега. Се надевам овој проблем нема да остане така. Успехот кој го носиме е преголем за да биде игнориран. Тоа е успех на Македонија, па на Академијата и на крај личен, секако- истакна Златко Неделковски – основач и творец на македонската боречка вештина ТФС – ЕСД.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*