Home / Вести / Над 300 битолчани конкурирале за субвенции за велосипеди!?

Над 300 битолчани конкурирале за субвенции за велосипеди!?

               

        Според неофицијални информации од Општината Битола, над 300 битолчани конкуирале на јавниот повик за користење субвенции за купување на велосипед.

        Колку од нив ќе добијат субвенции ќе се знае откако општинската комисија ќе ги разгледа сите пристигнати пријави и колку од нив ги исполнуваат условите.

        Но ако се знае дека Општината Битола со јавниот повик за субвенции издвои “само “ 700.000 денари тогаш повеќе од јасно е дека и овој пат голем број  од нив ќе извисат како и  при првиот пат кога општината  Битола даваше субвенции за купување на велосипеди.

        Инаку принципот на доделување на субвенции е прв дојден -прв услужен, па затоа уште пред јавниот повик да ја види светлината на денот и да биде објавен на Општинската странциа голем број битолчани се наредија  пред општинската зграда за да поднесат документи.

        Според јавниот повик Општината Битола  граѓаните на Битола за купување на велосипед ќе бидат субвенционирани до 50 отсто од висината на цената на велосипедот, но не повеќе од 5.000 ден. за еден корисник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*