Home / Вести / Награда за поразот

Награда за поразот

Љубе Кузманоски, доскорешниот градоначалник на Општина Новаци е новиот лидер на ОО на СДСМ Новаци.

Ваквата одлука на раководствто на СДСМ ги изненади многумина во партијата.

Членовте на СДСМ во Новаци не можат да се изначудат на одлуката на раководството на партијата, затоа што малкумина во Новаци веруваа дека тој ќе добие таква награда, особено по поразот кој Кузманоски го доживеа на неодамна завршените локални избори, во кои тој доживеа вистински дебакл и загуби во првиот круг.

Членовите на СДСМ во Новаци се прашуваат како е можно Кузманоски да биде избран за претседател на партијата ако се знае дека тој од страна на новиот градоначалник на Новаци, Стевче Стевановски е обвинет дека општината ја заглавил за над 1,1 милион евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*