Од МВР соопштија дека досега се откриени тела на 21 жртва на поплавите во скопско.
Најмлад загинат е двегодишниот Енес Мустафа од Ченто, а покрај него во поплавите загинал и негов близок роднина на возраст од 67 години.
Најмногу жртви се од населбата Ченто, има двајца загинати од Крива Паланка и по еден мртов од Куманово и од Тетово. Една жртва засега не е идентификувана.
Еве ја листата на загинатите:
-Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук
-Катерина Митрова (родена 1933 г.) Ченто
-Славка Илиќ (родена 1956 г.) и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга
-Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) Ченто
-Мурат Саити (роден 1957 г.) Ченто
-Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски, Крива Паланка
-Земрије Синани (родена 1985 г.) Ченто
-Наде Илиевска (родена 1955 г.) Стајковци
-Блага Јовевска (родена 1941 г.) Смилковци
-Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) Ченто
-Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) Црешево
-Ќазим Исени (роден 1933 г.) Ченто
-Љубица Димчевска (родена 1935 г.) Црешево
-Убавка Јовевска (родена 1965 г.) Стајковци
-Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) Куманово
-Достана Димитриевска (родена 1974 г.) Тетово