По објавувањето на т.н. влада во “сенка“ на лидерот на опозицијата Зоран Заев, со реакција се јави ВМРО ДПМНЕ.
-Зоран Заев се однесува неодговорно и несериозно. Наместо нови луѓе тој престави стари и потрошени кадри, поголемиот дел некомпетентни и без кредибилитет за областа која ја покриваат се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес- конференција на Зоран Заев на која ги откри новите членови на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека концептот што Заев го претстави не е нов, туку е истиот што Бранко Црвенковски го промовираше кога тој беше на чело на партијата.
„Промовирањето на ваквиот концепт претставува продолжување на неразбирањето и игнорирање на пораката од граѓаните дека му ги прифаќаат овие луѓе. Ова е продолжување на нивната арогантна теза дека тие не се криви, ним ништо не им фали, тие се најдобрите и дека народот е крив што не ги гласа и е заведен од некаква измислена диктатура”, се вели во соопштението од владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ со ваквиот кадровски состав, Заев продолжува со неразбирање и игнорирање на пораката на граѓаните и поради ова СДСМ ќе остане со нестабилна политичка гарнитура.
Б.В.