Home / Колумни / (Не)културно потсмевање и понижување

(Не)културно потсмевање и понижување

               

        Срам, брука, понижување, дрска провокација, навреда, чин на непријателство..

Тоа се само мал број од коментарите како на медиумите така и на  истакнати  политичари, аналитичари, познати професори, по „официјалното отворање на бугарскиот  културен центар “ Ванчо Михајлов # среде Битола, кој во саботата  официјално што го  направи  бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката Илијана Јотова и шефицата на дипломатијата Теодора Геновска, како и со екс-шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, и поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Отворањето на бугарскиот културен центар “ Ванчо Михајлов” во Битола, во присуство на целиот бугарски државен врв ги погоди  чувствата на  најголемиот број битолчани.

Во саботата Битола уште од раните утрински часови беше буквално окупирана. Цел град беше под полициска опсада.

        Сите приоди кон центарот на градот покрај тоа што беа строго контролирани, Широк Сокак и самиот центар на Битола, особено улицата “Рузвелтова “ беше буквално под опсада на специјални полициски сили и сили за брзо распоредување.

        Блиските кафулиња  на Широк Сокак, наместо битолчани кои редовно таму пијат кафе, уште од раните утрински часови ги запоседнаа безбедносните сили, агенти, полицајци во цивил, инспектори…

        Во близина на зградата “Грозд”, десетици специјалци, под цела воена опрема.  беа подготвени за брза интервенција .

        На улицата “Рузвелтова”, освем на службените лица, не им се дозволуваше влез или  излез ни на станарите кои таму живеат ни на сопствениците на дуканите.

        Во близина на центарот беа лоцирани и против пожарни возила.

Неупатените буквално се прашуваа за што станува збор и зошто толку полиција.

        Се добиваше впечаток како полицијата да се  подготвува за  голема  пресметки со најозогласени терористи.

        Демонстрацијата на сила, која  беше очигледна беше со немара  на сите оние кои најавија дека ќе протестираат да им се влее страв и да им се стави до знаење дека  полицијата нема  да дозволи никакви немири и провокации,  или нарушување безбедноста на високата државна бугарска делегација.

        Таквата опсада на Битола предизвика револт кај најголемиот број граѓани.

        Но уште поголем револт и гнев  предизвикаа изјавите на  дел од бугарските официјални политичари.

Иако премиерот Кирил Петков  порача: културниот центар „Ванчо Михајлов” да биде мост меѓу двете земји и да помогне да се освојат срцата на двата народа и  да се искорени омразата и бугарската заедница во Северна Македонија да се чувствува рамноправно, другите официјални лица од делегацијата  со своите  претенциозни и иритантни  изјави ги  допреа  чувствата на битолчани.

Особено првокативна беше потпретседателката Илијана Јотова, која  на новинарските прашања за како во Бугарија се почитуваат правата на Македонците  возврати со контра прашање  „Кои се тие Македонци во Бугарија?”

Мошне зајадлива беше и  министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и поранешните министри Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, кои беа главни архитекти на бугарската блокада.

-Сите сили треба да бидат насочени кон решавање на правата на Бугарите во Северна Македонија, што впрочем е нашата основна цел, рече Генчовска.

Слична порака имаше и Захариева која изјави дека доколку Македонија сака да стане дел од ЕУ основната задача на сите Бугарски  политичари ќе биде правата на Бугарите во Северна Македонија.

По “преспивањето “ реагираше и македонскиот државен врв.

        За претседателот Стево Пендаровски, официјалната бугарска делегација  во Битола се обиде  еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави

Премиерот Димитар Ковачевски пак  изјави дека  дека Владата го поддржува слободното убедување на сите граѓани, но очекува ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани кои се чувствуваат како Македонци.

Остро реагираше и универзитетскиот професор по меѓународно право Тони Десковски, кој порача дека ова е исмевање и вракање на фашизмот на голема врата.

– Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифасистицките традиции на македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола.

– Фашизмот ни се повампирува на голема врата рече професорот Ѓорги Спасов, кој  вели дека со овој чин бугарскиот премиер провоцира.

-Не можеше Петков да избере полош лик од Михајлов и подобра бугарска делегација во која се Каракачанов и Захариева, за политичка провокација, па и омаловажување на сите напори за приближување кон ЕУ што ги прави Македонија,изјави  Спасов.

И додека   Судот за човекови права во Стразбур има вкупно 16 пресуди за кршење на правото на слободно здружуванје на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин”  кои Бугарија не ги почитува, Бугарските власти  во Битола, на отворањето на културниот центар, на познатиот фашист  Ванчо Михајлов ни делеа лекции за Европски кодекс на однесување и почитување на правата на  Македонските Бугари во Македонија,  кои наспроти илјадниците издадени бугарски пасоши, на пописот се покажа дека ги има во симболична бројка.

Како и да е. И покрај оптимистичките изјави на Македонските државни власти кога се во прашање (не)исполнувњето на барањата на Бугарија за своите благонадежни Бугари, повеќе од јасно е дека разговорите или преговорите со Бугарија околу  исполнувањето на нивните барања нема да бидат ни лесни, ни едноставни.

Пораките  на Бугарските власти од  Битола не смеат наивно да се прифатат.Напротив  тие треба и те како сериозно да се разгледаат и за нивното евентуално преговарање во Македонија мора да се изгласа државен консензус, зашто проблемот со Бугарија не е партиски, туку државен.     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*