Don't Miss
Home / Uncategorized / Неопходни брзи реформи во медиумите

Неопходни брзи реформи во медиумите

Белгискиот експерт Питер Ванхојте се врати во Македонија за да помогне во имплементација на реформите во медиумите.

Заблагодарувајќи се за неговото присуство и активното учество во реформите во медиумската сфера, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека Ванхојте имал доблест во клучни моменти на некои наши политичари да им каже „доста“, кога, како што рече Селмани, ги надминувале линиите на пристојност во преговорите.

– Минатата недела, а и оваа недела имавме чести средби со новиот премиер Зоран Заев и со министри од неговиот кабинет и сме охрабрени како ЗНМ од нивната заложба за брзи реформи во медиумите. Не е битно само тоа што Владата ги поставува медиумските реформи во врвните приоритети, но уште побитно е тоа што планира тоа да го направи по предлозите кои ги изготви нашиот пријател Ванхојте, а беа поддржани и од Здружението на новинари – изјави на денешната прес-конференција претседателот на ЗНМ.

Ванхојте напомена дека се согласиле со ЗНМ и со новата Влада дека е време да се делува во медиумските реформи. И исто така, како што рече, предлозите кои се на маса од преговорите кои траеле повеќе од година, а во кои биле вклучени сите политички партии и чинители, се, според него, одлична почетна точка за претстојните реформи во медиумите.

– Многу ми е мило што слушам дека новата Влада е спремна да го отпочне овој процес со јавна консултација по предлозите кои се веќе на маса. Се разбира, важно е во тек на консултациите да бидат вклучени сите релевантни чинители. По ова се разбира процесот ќе продолжи во Собранието, а кога ќе има конечно решение ќе зависи донекаде и од брзината на работа на Парламентот – рече тој.

Ванхојте напомена и дека сите опозициски партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, треба да се вклучат во дебатата, а со тоа, според него, да придонесат во потребните реформи.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали ова е некакво сценарио или постои некаков нацрт закон по кој ќе се одвиваат реформите, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека предлозите дадени на почетокот на преговорите кои се одвиваа за реформи во медиумската сфера не биле прифатени од ВМРО-ДПМНЕ, но биле прифатени од СДСМ, ДУИ и од ДПА, а и како што напомена во продолжение, истите предлози биле прифатени и од медиумските и новинарските организации.

– Од тие предлози ЗНМ заедно со ССНМ, МИМ, Советот за етика, извлековме измени во Законот за аудио и аудио и визуелни медиумски услуги, и тој предлог лани го доставивме во Собранието. Разговорите се водат околу тоа тој предлог повторно да се стави на јавна дебата и потоа да се процесуира во Парламентот. Владата има волја тој предлог да го поддржи, а ако е така, ние немаме никаква дилема да го поддржиме исто така – рече Селмани.

Пристапот на ЗНМ,појасни Селмани, одговарајќи на новинарско прашање, дека не смета дека со закони ќе се решат етичките проблеми во медиумите. .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*