Со прогласувањето на вонредната состојба и полицискиот час сите ингеренции во раководењето со државата паднаа на Владата, која се обидува со носење на уредби да го регулира животот во борбата со корона вирусот.
Иако Владата со најдобра намера секојдневно заседава и носи бројни уредби, сепак за жал нивното (не)спроведување оди мошне бавно.
Така и покрај уредбата на Владата за стопирање на извршните решенија голем број од банките правдајќи се дека уредбата на Владата не е објавена во хартиена форма на Службен весник и натаму ги извршуваат голем број на извршните решенија.
Во реализацијата на извршните решенија не помогна ни тоа што Владата со уредба пропиша уредбите да се објавуваат во електронското издание на Службените весници.
Слично оди и со уредите на Владата за односот на банките спрема дожниците на кредити , како на физички, така и на правни лица.
Иако одамна Владата донесе уредби исплатата на кредитите да се одложи за најмалку три месеци, сепак банките и натаму на голем број корисници на кредити им ги задржуваат ратите, а од нивните кол центри граѓаните се постојано “бомбардирани“ со урегенции за плаќање на ратите, бидејки во спротивно ќе следеле казнени камати и провизии.
Посебна приказна е уредбата на Владата со која еден од родителите кои имаат малотено дете до 10 години да се ослободуваат од рабонто ангажирање. Деновиве сме сведоци како некои од директорите на училиштата во Битола постојано им се јавуваат и им се закануваат на некои просветни работниици кои имаат малолетни деца до 10 години да доаѓаата на работа и да одржуваат он лај настава, бидејќи во спротивно ќе биле санкционирани.
Сите вакви работи во најмала рака ја вознемируваат дел од јавноста која со самоизолацијата и состојбата во која се наоѓаат по избивањето на пандемијата и економската криза се и така вознемирени.
Затоа Владата треба да настојува своите уредби брзо да ги ефектуира со објавување во Службените весници и да им укаже на сите кои нема да ги почитуваат истите дека тие ќе бидат санкционирани, а не недолжните граѓани.