Don't Miss
Home / Uncategorized / Нов меѓународен проект на Новаци со Грција

Нов меѓународен проект на Новаци со Грција

Денес во општина Новаци се одржа третата по ред сесија на партнерите кои што се дел од проектот за „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“. Проектот ќе трае 24 месеци, од јуни годинава до  2020 година, а вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 илјади евра. Денес заедно со своите грчки партнери седнаа на зедничка маса за да видат како тече имплементацијата на проектот.

– Ние како општина Новаци сме партнер во овај проект. Се работи за сума од 216 илјади евра кои што треба да ги искористиме за набавка на механизација. Со таа механизација ние ќе собираме биомаса која што подоцна ќе ја користиме и за загревање на парен котел и за затоплување на градинката во Новаци. Во овај период правиме анализа и анкети со земјоделците за тоа дали се спремни еден дел од отпадот да го отстапат за оваа биомаса. Во рок од 24 месеци сметаме дека ќе го затвориме цел проект. Ниека како општина имаме распишано тендер за набавка на трактор. Проектот се имплементира во три фази, првата фаза е набавка на трактор, втора фаза приклучна машина и трета фаза котел за затоплување и балирачка, рече градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмновски.

Освен општина Новаци партнер во проектот од македонска страна е и Агенцијата за поддршка на развој на земјоделството во општина Битола, чии што буџет изнесува 50 илјади евра. На крајот на проектот во Македонија треба да се формира кластер за биоенергија, кој што успешно функционирал во Р.Грција.

-Во моментот имаме набавено студија за добивање на податоци за за мрежата на канали, атмосферска канализација, речни корита и слично, кои што ќе ни бидат како ресурс од чие што чистење ќе добиваме биомаса со која што ќе го загреваме котелот кој што ќе биде инсталиран во градинката. Потоа ќе следи набавката на трактор и хидраулична рака која што ќе ги чисти речните корита и канали од кои што ќе се добиваат остатоци од растенија кои штѕо потоа ќе се сушат и балираат и ќе се формираат балиња кои ќе се користат за загревање на котелот, рече Катерина Чукалевска од Општина Новаци.

Партнери во проектот се од општината Аминдео и од Атина.

-Ние му припаѓаме на кластерот за штедење и бионергија и многу сме горди што сме дел од овај проек, чија што основна цел е да се искористи енергијата од биомаса. Нашата улога во проектот е да бидеме како советник за техничка поддршка , рече Кристофорос Перакис, технички советник во Националната агенција за штедење на енергија во Атина.

-Со проектот сакаме да формираме еден синџир на снабдување кој што ќе не снабдува со биома како нас така и останатите партнери во проектот. Во нашата општина загревањето работи преку пи-пи-си станици- термоцентрали, но во иднина тоа ќе го прекинеме, но во иднина тоа ќе го прекинеме, знаеме дека ќе ни претставува проблем но сметаме дека на овај начин преку вакви извори ќе го решиме тој проблем, рече Костос Киријополус од општинското претпријатие за загревање од општина Аминдео.

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*