Don't Miss
Home / Uncategorized / Нова опрема за битолските пожарникари
SONY DSC

Нова опрема за битолските пожарникари

Со нова опрема, која ќе ги намали досегашните ризици при животозагрозувачки интервенции, пожарникарите од ТППЕ Битола денеска го одбележаа денот на пожарникарството.

Опремата е обезбедена на барање на градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, која согледувајќи ја состојбата со опременоста во која се наоѓаат пожарникарите, одлучи средствата од Бирото за регионален развој, во висина од 4.163.000 денари, да се искористат за нивно соодветно опремување.

– На денот на пожарникарите, во Битола, каде пред 183 години е формирана првата противпожарна единица, прва на Балканот, меѓу првите во Европа, се наоѓаме овде, не само да го одбележиме денот на пожарникарите, туку и да промовираме нешто што обновивме во изминатата година, а е во функција на вработените во противпожарната единица во општина Битола. Станува збор за 42 професионални противпожарни комбинизони, заедно со чизми и шлем и за 16 дишни апарати, кои што им требаа на пожарникарите и генерално се апарати кои се во функција на заштита на нивните животи, а тоа им дава можност и да реагираат онака како што треба во случај на пожари – рече градоначалничката Наташа Петровска.

Опремата е набавена во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион“ и се реализира на иницијатива на градоначалниците од Пелагонискиот регион преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

-По барање на општините, Центарот за развој на Пелагонискиот регион набави опрема покрај за Битола, дел и за општините Прилеп и Ресен. Оваа програма е реализирана во Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој – изјави Гого Видимче, раководител на ЦРППР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*