.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Новаци одбележа 26 години постоење

Новаци одбележа 26 години постоење

                                 

Денес Општина Новаци одбележа 26 години  постоење. 

По повод 26 тиот роденден денес се одржа свечена седница на Советот на Општина Новаци. 

-, Во изминатите 26 години одговорноста и обврската за развој и просперитет на Општина Новаци ја имаа претходните состави на Совети и градоначалници , но сега таа одговорност е наша во следните 4 години да работиме во интерес на народот кој не избра  со цел да им ги подобриме условите за живот преку донесување на позитивни одлуки кои ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе го подобрат животниот стандард. ” рече Славица Најдовска Стојковска, претседател на Советот на Општина Новаци. 

Празникот на  жители на општината им го честита градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

-На сите жители на Општина Новаци на почеток сакам да им го честитам денешниот празник, 26 години успешно постоење и функционирање, мерејќи се рамо до рамо со големите урбани општини во државата. Започнавме со едно темпо на работа кое во следниот период уште повеќе ќе ја издигне Општина Новаци а нашите граѓани ќе бидат горди на своето место на живеење. “рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. 

Денешниот празник на Општина Новаци беше збогатен со мноштво настани и активности поврзани со одбележувањето 61 година од основањето на ЦОУ ,, Славко Лумбарковски” Новаци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*