Од „бомбите“ кои денеска беа објавени на „Јутјуб“ каналот во коишто се слуша глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“ може да се разбере дека наводно Камчев му пишувал пораки на премиерот Зоран Заев и дека го убедувал дека она што го има не треба и да го дадат на обвинителката којашто г води случајот „Рекет“, Вилма Русковска, но Заев му рекол да отиде и да го пријави случајот.
„Му пишувам Зоки јави се, не можам во гужва сум, не треба ништо да дадеме кај Вилма, ништо во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишувам брат го имам во документ, ќе ти го покажам“, се слуша на една од „бомбите“ како гласот за кој се претпоставува е на Орце, му раскажува а сговорник. Но Заев, му вратил „Друже мој, Македонија треба да стане европска држава, правна држава да одиш ти утре да си пријавиш оти и ти ќе одговораш“, се слуша во бомбата.
Во друга снимка се слуша за односот меѓу првоообвинетиот в „Рекет’ и
третообвинетиот Зоран Милески – КИчеец, кои наводно биле во интимна
врска.
„Абе Зоки се плеска со него, што е работава? Дејан ги фатил како се лижеле. Јас не сум ги видел“, се вели во дел од разговорот.