Don't Miss
Home / Uncategorized / Ново противпожарно возило за битолските пожарникари

Ново противпожарно возило за битолските пожарникари

Денеска битолските пожарникари од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска добија  ново противпожарно  возило, што во голем дел ќе ја подобри ефикасноста на единицата при гаснењето на пожари на територијата на Пелагонискиот регион.

 -Досега како локална самоуправа  имаме вложено 157 илјади евра за создавање на подобри услови за пожарникарите, што  на некој начин е  гаранција на нивната безбедност и безбедноста на граѓаните. Возилото ќе може да се користи при пожари и во соседните општини Новаци и Могила, како  и соседната општина Ресен. Но, освен со опремување на протипожарната единица, како локална власт ние во изминатиот период водевме сметка и за кадровската екипираност на единицата, бидејќи станува збор за сензитивна дејност, каде освен опременоста, многу важен сегмент е и човечкиот потенцијал – истакна градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Возилото ќе биде употребно при интервенции во урбани средини,појасни командирот на Противпожарната единица од Битола, Костадин Поповски. 

– Со новото против пожарно возило, битолските  пожарникари ќе имаат можност да гаснат пожари со вода, или со пена, а што е најважно ќе се подобри  капацитетот и оперативноста на Противпожарната единица.

Сега по донацијата на новото возило,  Територијлната единица Битола на располгање ќе има  вкупно десет противпожарни возила што се во исправна состојба, информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Костадин Поповски.

При набавката на новото возило, дел  од средствата се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, а останатиот дел се кофинансирани од Општина Битола.

Цената на новото современо противпожарно возило изнесува 97 илјади евра. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*