Во организација на Општина Битола и Ротари клубот “Широк Сокак- Битола “ на плоштадот Магнолија се одржа “ Битолскиот новогодишен базар”.
Нај базарот учествуваа компании и индивидуалци, кои ги изложија и продаваа своите производи.
Средствата од новогодишниот базар ќе бидат наменети за хуманитарни проекти.
Инаку Новогодишниот базар почна на пладне со одржување на музичката и уметничката програма.
Вечерта беше резервирана за групите “ДЏ Лимон”, групата „Гром” и Неша Галија.