Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола на чело со директорката м-р Вера Бешлиевска им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници на дечињата од Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост при основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола.
Со едукативниот материјал, дидактичките средства за дечињата сметаме дека ќе придонесеме за посреќни дечиња и во подобрување на условите за образование за нашите ученици.