Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски заедно со директорот на ЦОУ Славко Лумбарковски Илче Соклевски денеска им поделија новогодишни пакетчиња на учениците од Централното училиште во Новаци.
– Општината обезбеди над 270 новогодишни пакетчиња за сите ученици од основните училишта во општина Новаци како и за децата од ранливи категорија . Празниците што доаѓаат се одлична можност за остварување на многу детски желби .Ние како локална самоуправа во соработка со директорот на Централното основно училиште “Славко Лумбарковски“ придонесовме со скромни новогодишни пакетчиња да ги израдуваме сите ученици . Во новата 2019 година, она што е наша обврска, како локална самоуправа е да ја продлабочиме соработката со основните училишта , каде заеднички ќе работиме на многу проекти со цел подобрување на воспитно-образовниот процес во сите училишта.”– рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Локалната самоуправа обезбеди новогодишни пакетчиња за сите ученици од 8-те подрачни училишта.