Повеќе од 24 часа по експлозиите во Њујорк, во кои беа повредени 29 лица, камерите за надзор покажале исто лице во близина на местото на експлозијата и на друга локација неколку блока подолу, каде што била пронајдена експлозивна направа, објави Си-ен-ен.
Сѐ уште нема уапсени.
Во истрагата полицијата го запре сообраќајот на еден од градските мостови.
– Го запревме сообраќајот на градски мост за да се претресе еден автомобил, но немаше основа за апсење и никој не е засега обвинет – изјави Кели Лонгмесер, портапролка на ФБИ.
До овој момент не е познат ниту мотивот за нападот.
Експлозијата се случи во квартот Челси на њујоршки Менхетен. Од 29-те повредени лица 26 се пуштени на домашно лекување.
Покрај бомбата што експлодирала, биле пронајдени и четири темпирани експлозивни направи, кои останале недетонирани, наведоа од Обвинителството во изјава за Си-Ен-Ен.