Јавното претпријатие за паркирање, продолжува со обележување на пешачките премини на повеќе сообраќајници во градот.
Бележењето со пластична маса, вчера покрај во текот на денот продолжи и во вечерните часови на улицата „Димитар Илиевски Мурато“, а се работеше и кај Камен мост и на други локации. Ваквиот начин на работа има за цел да обезбеди поголема трајност на обележаната хоризонтална сигнализација, а со тоа да придонесе и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот-информираат од Општина Битола.