Don't Miss
Home / Вести / Од компликации со коронавирусот почина докторка од Ресен

Од компликации со коронавирусот почина докторка од Ресен

               

                Пандемијата од Ковид 19  зеде уште една  жртва од здравтсвените работници.

        Од компликации од Ковид -19 почина радиологот од Здравствениот дом во Ресен, Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска, на возраст од 61 година

Веста за нејзината смрт ја објави   Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. 

Колегите од Здарвстевниот дом во Ресен се простија од Поликсена Стојановска-Георгиевска со мошне  емотивна порака. 

-Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање.

Но е лесно кога треба да кажеш што се тој човек значи за нас.

Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика.

            Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа.

        Насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност. Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден.

     Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно.

Поли- прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка.

       Ни е чест што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата.

Почивај во мир, пишува вопораката на колегите од Здравствениот дом во Ресен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*