Денеска во Градскиот парк во Битола, кај споменикот на Рускиот ксрт се одржа денот на руската дипломатија.
Настанот се одржа во организација на Амбасадата на Руската федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат во Битола пред споменикот „Руски крст“, кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен рускиот императорски конзул Александар Ростковски пред 118 години.
Согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, цвеќе положија амбасадорот на Руската федерадија во земјава н.е. Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на почесниот конзулат во Битола, Славјанскиот универзитет, Лук Оил, Здружението за македонско-руско пријателство и други лица.