Home / Вести / Заев најави метла за голем број актуелни градоначалници

Заев најави метла за голем број актуелни градоначалници

Актуелните градоначалници на Валандово, Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија, Штип, се дел од оние од кои Заев е задоволен од резултатите во изминатите четири години. Тој нив ги спомена како актуелнилокални функционери кои повторно ќе бидат кандидати на локалните избори. Не беа споменати градоначалниците на скопските општини и на Градот Скопје, како и градоначалниците на поголемите градови во земјава, но зачудувачи е истакнувањето на успешноста на новиот градоначалник на Штип, кој е на функција само два месеци.

„СДСМ секогаш го слуша гласот на народот и сите што биле добри и служеле добро имаат најголеми шанси повторно да бидат кандидати. Онаму каде што граѓаните не се задоволни ќе има нови. Јас лично ќе застанам зад неколку кандидати, но тоа не значи дека ќе бидат избрани, тоа ќе биде заедничка одлука на органите и телата на партијата, ова е само мој личен став“, изјави Заев.

Процедурата за кандидирање и селекција ќе биде во мај и јуни, по што одлуката ќе ја донесат органите на партијата, рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*