Don't Miss
Home / Uncategorized / Одбиени сите барања за притвор

Одбиени сите барања за притвор

Кривичниот суд до вчера одби 13 барања за притвор од вкупно 18 што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. За останатите пет барања за определување мерка притвор, во случајот „Титаник“, меѓу кои и за врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска Судот најави дека одлуката ќе ја соопшти денеска.

Од вкупно 13 барања за притвор на СЈО за кои се објавени одлуките, не е прифатено ниту едно. Наместо притвор, во 11 случаи Судот реши да одреди мерка одземање на пасошите, а две лица останаа без никаква мерка.

Притвор се бараше, а вчера не им беше одреден на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, на шефот на кабинет на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Н. и Н.Б.

Претходно притвор не добија уредникот во ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, началникот во МВР, Ѓоко Поповски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и лицето Л.Л. Ц., како ни пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури.

Барањата на СЈО за мерка притвор, Судот ги замени со одлука за привремено одземање на пасошите и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и редовно јавување еднаш неделно кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1-Скопје.

За денеска Судот ја најави одлуката за останатите барања од предметот „Титаник“.

СЈО веќе најави дека ќе ги обжали досегашните одлуки на Кривичниот суд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*